ЛОИ 2024: Ограбено комбето на олимписки шампион од Токио, аргентински фудбалер остана без прстените и часовникот

84

Олимпискиот шампион од Токио во велосипедизам BMX, Логан Мартин, бил ограбен за време на неговото патување кон Париз. Мартин бил ограбен непосредно пред да пристигне на Олимписките игри, бидејќи комбето со неговата опрема било вандализирано на последните подготовки во Брисел.

„Нашето комбе беше провалено синоќа, за среќа моите велосипеди не беа во тоа возило, иако имаше неколку торби и опрема. Навистина е лудо да се започне вака патувањето на ЛОИ“, напиша Мартин.

За разлика од Мартин кој е ограбен на пат за Париз, аргентинскиот фудбалски репрезентативец Тиаго Алмада е ограбен за време на престојот во Париз. Како што потврди и селекторот на Аргентина, Маскерано, на Алмада му биле украдени прстени и часовници за време на тренингот во соблекувалната.

ПретходноАлександар Мишов ќе биде нов фудбалер на казахстански Туран
СледноЖдрепката за новата сезона во ПМФЛ во понеделник!