Маршан го урна олимпискиот рекорд на Фелпс и триумфираше на 400 метри мешано!

185

Франција го слави златниот медал на Леон Маршан. Имено еден од најдобрите пливачи на денешницава и тоа како покажа кој е кој во дисциплината 400 метри мешано. Иако не го урна светскиот рекорд, сепак го урна олимпискиот, оној на Мајкл Фелпс. Јасно е дека победи уверливо.

Неговото време беше 4:02.95 минути, па потоа следуваше интонирање на “Марсељезата“ во негово име.

Инаку тој е сопственик и на светскиот рекорд кој изнесува 4:02.50.

Втор трката ја заврши Мацушита од Јапонија а трет Карсон од САД.

ПретходноСкандалозно: Еве што им покажуваше Едвардс на Србите! (ВИДЕО)
СледноГостивар се засили со младинскиот репрезентативец Кристијан Ѓорѓиевски! (ФОТО)