Од вечерва и официјално ново име во редовите на Гостивар е Кристијан Ѓорѓиевски (17). Станува збор за офанзивен играч за врска кој досега беше член на Македонија ЃП. Инаку Ѓорѓиевски е актуелен член на младинските селекции на Македонија до 17 и 18 години.
Ѓорѓиевски треба да биде еден од адутите Гостивар, барем во прво време, за играчите до 21 година со оглед на тоа дека Мухамед Елмас повторно, по третпат се жали на истата повреда.