Надал ги „спушти“ Шпанците на земја: Така не се освојуваат медали…

6649

Тенискиот ветеран Рафаел Надал беше запрен во сингл од Новак Ѓоковиќ, но затоа во тандем со Карлос Алкараз славеа победа во дубл на Олимписките игри во Париз. Тие се пласираа во четвртфиналето по триумфот над Холанѓаните Талон Грикспор и Весли Колхоф со 6-4,6-7 и 10-2.
Искусниот Надал по мечот беше револтиран поради тоа што во Шпанија сите мислат дека за нив патот до златото во дубл е готова работа.
Луѓе кои немаат поим за тенис сметаат дека така лесно се освојуваат медали. Не се освојува ништо само затоа што си познат, само затоа што си име! Дубл е поинаков спорт од сингл, а ние двајцата многу малку игравме заедно и тоа сите го знаете“, изјави Надал.

Надал не е задоволен со форматот на олимпискиот турнир каде во третиот сет се игра супер тај-брејк.
Мислам дека е непотребно на ОИ да се игра сет на одлука во супер тај-брејк. Ова е отворен турнир затоа што им овозможува на тенисерите да играат сингл и дубл, но Игрите се на програмата секоја четврта година. Ова се најважните дубл натпревари во мојот живот, а форматот е еден вид на лотарија.“, додаде Шпанецот.
Надал и Алкарас за пласман во полуфинале ќе играат со Раџив Рамом и Остин Крајичек.

ПретходноНорвешка ја совлада Унгарија со гол во последната секунда
СледноИсториски момент на ОИ – Спортисти од Северна и Јужна Кореја направија селфи! (видео)