Тениски турнир на ОИ: Мусети го елиминира Зверев, а Алкараз сигурен против Пол

303
ФОТО: Screenshot

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го продолжува патот кон златото на Олимписките игри откако денеска се пласира во полуфиналето по триумфот над Томи Пол од САД со 2-0. Првиот сет Алкараз го одигра сигурно и со брејк го сврте во своја корист за 39 минути игра (6-3). Во вториот сет Пол пружи поголем отпор, сетот отиде во тај-брејкот и тука исто така во голема борба Алкараз славеше со 9-7 за 7-6 во вториот сет и конечни 2-0.

Алкараз во полуфиналето ќе го чека подобриот од мечот Руд и Ожие-Алиасиме.
А Александар Зверев, четвртиот на АТП листата го заврши својот настап. Тој беше поразен од италијанскиот тенисер Лоренцо Мусети. Италијанецот кој е 16-ти на светската тениска листа славеше со 2-0 по сетови 7-5 и 7-5.

ПретходноПукаше без заштитна опрема и со раката во џеб и освои медал
СледноСрпскиот коментатор по промашувањето на Дурент: “Зошто така не шутираше…..“ (ВИДЕО)