Под водство на Катанец: Македонија има победа против Шкотска!(ВИДЕО)

0

Вечерва нашата најдобра фудбалска репрезентација, во меч од 3.коло во Б Лигата на Нации, ќе ги одмери силите со селекцијата на Шкотска, селекција која беше дел од Мундијалот ова лето. Ова говори дека Македонија одново ја чека тешка задача, играме со силна селекција.

Што се однесува до историјатот, досега со оваа селекција сме одиграле четири средби и имаме една победа, едно реми и два порази со гол разлика 3:5, и сите биле квалификациски за СП.

Првиот меч, и веднаш победа, го одигравме на 06.09.2008 во Скопје на тогашниот Градски кога славевме со 1:0 и тоа со голот на Илчо Наумоски уште во 5.минута. Оваа победа ја извојувавме под водство на селекторот Среќко Катанец. Во истиот циклус, за настап на СП 2010 на гости кај Шкотска на 05.09.2009 година, загубивме со 2:0.

За квалификациите за СП 2014 одново бевме во група со Шкотска. Прво на гости ремизиравме со 1:1 на 11.09.2012 година, стрелец за нас беше Новески, а потоа во Скопје на 10.09.2013 дома бевме поразени со 1:2. стрелец на голот за Македонија беше Костовски.

Интересно, сите досегашни средби со Шкотска сме ги играле во месец септмври, сега на ред е месец октомври.

ПретходноОвој Партизан не знае за доста: Драмата во Минхен за “црно – белите“ за “три од три“