Во 9.коло во ПМФЛ ќе има утрински натпревари, од 12 часот!

54

Како што може да се види на сајтот на Фудбалската федерација на Македонија, познат е распоредот на петте мечеви од 9.коло во ПМФЛ. Закажани се за следниот викенд, сабота и недела по два, а еден ќе се игра во понеделник. Веднаш се забележува дека еден меч, оној во Кавадарци меѓу Тиквеш и Брегалница ќе се игра во утрински термин, од 12 часот. Јасно е дека во меѓувреме се можни измени.

РАСПОРЕД И САТНИЦА НА МЕЧЕВИТЕ ОД 9.КОЛО

САБОТА (10.10.2026)

Кавадарци: Тиквеш – Брегалница (12 ч)

Гостивар: Арсими – Силекс (13 часот)

НЕДЕЛА (11.10.2026)

Скопје: Шкендија Арачиново – Шкендија (13 ч)

Скопје: Скопје – Вардар (15 ч)

ПОНЕДЕЛНИК (12.10.2026)

Куманово: Башкими – Струга ТЛ (15 ч)

ПретходноЖРК Вардар со пораз на првиот меч со Бриксен