Енур Тотре ја напушти Шкендија и се врати во Ворскла

411

Шкендија објави дека во новата сезона влегува без еден од најдобрите играчи Енур Тотре чија позајмица истече и тој се врати во украинскиот тим Ворскла Полтава. Тотре играше за Шкендија од 2014 до 2021 година, потоа една сезона помина во Тирана, а од таму во 2022 година отиде во Ворскла. Украинците се согласија да го пратат на позајмица во Шкендија, а сега тој се враќа назад.
„Му посакуваме на Тотре успех со Ворскла во престојната сезона и воедно му се заблагодаруваме на украинскиот клуб за соработката минатата сезона“, соопштија од Шкендија.

ПретходноШкупи го претстави новиот спонзор и најави изградба на тренинг камп во Скопје
СледноШкендија не запира: Под Шара доаѓа и Фреди Алварез?!