Интернет страницата Трансфермаркт, специјализирана за трансфери на фудбалери, публикува ранг листа на фудбалски клубови со најголема заработувачка од трансфери на играчи во изминатите 10 години.
На првото место, односно најпрофитабилен клуб во тој период е португалска Бенфика од Лисабон која заработила 743 милиони евра. Во топ 10 има четири португалски клубови – покрај Бенфика, тука се Порто, Брага и Спортинг.
Ова е топ 10 листата на најпрофитабилни клубови
1. Бенфика – 743 мил.евра
2. Ајакс – 483 мил.евра
3. Салцбург – 463 мил.евра
4. Лил – 380 мил.евра
5. Спортинг Лисабон – 369 мил.евра
6. Порто – 358 мил.евра
7. Монако – 288 мил.евра
8. Брага – 236 мил.евра
9. ПСВ – 231 мил.евра
10. Динамо Загреб – 231 мил.евра










