На неколку дена пред стартот на новата сезона во ПМФЛ, Шкендија и тоа како се засилуваа. Откако ги договори Бесарт Ибраими и Валон Ахмеди, се преговара и со Фреди Алварез, играчот за врска од Костарика кој до пред една година го носеше дресот на Шкупи и важеше за еден од најдобрите фудбалери во ПМФЛ во периодот од 2020 до 2023.
Костариканецот моментално е под договор со БГ Патум Јунајтед од Тајланд, но како како што се дознава, раководството на тетовскиот клуб и тоа како има намера да го засили тимот на стратегот Јетон Беќири.
Алварез би требало да биде замена за Енур Тотре кој си оди од Шкендија, односно му заврши позајмицата.















