Вечерва повеќе наши интернационалци настапија за своите клубови во првите мечеви во 3.квалификациско коло во Лигата на Европа и Лигата на Конференции.
Алекс Трајовски го имаше своето деби кај Џенаро Гатузо на гостувањето кај Ружомберок, но Хајдук одигра само 0:0.
Енис Барди не доби шанса да настапи за Трабзонспор на свој терен против Рапид, можеби и затоа турскиот тим беше поразен со 0:1.
Дамјан Шишковски беше на голот на Борац Бања Лука на гостувањето кај Клаксвик, но тимот од БиХ беше поразен со 2:1.
И Никола Серафимов беше поразен со својот Фехервар на гостувањето кај Омонија.
Марио Илиевски одигра одличен меч за ЦСКА 1948. Македонскиот напаѓач стрелаше за својот тим во 29.минута против Папос за 1:1. Конечниот резултат беше 2:1 за бугарскиот тим.