Ништо од сензација, за малку: Кари ја “расплака“ Србија и ја однесе Америка во финалето!

621

Невиден спектакл во “Берси“ во Париз во полуфиналето меѓу Србија и САД. А во тој спектакл подобри беа кошаркарите на САД со победа од 95:91и со тоа си закажаа финале против Франција. Фантастична Србија која на крај сепак потклекна.

Штета, Американците беа “печени“ за пораз и тоа како се “испотија“ за победа. Но тие го имаа фантастичниот Стеф Кари, кој беше маестрален кога беше најпотребно.

Интересно, Србија одлично, перфектно го отвори мечот. Американците беа збунети, по првата четвртина имаа предност Јокиќ и компанија со 31:23. Аврамовиќ, Богдановиќ, се разбира Јокиќ, играа фантастично, ако не беше Кари со своите тројки тешко дека Американците ќе имаа -11 поени на пауза, таа разлика ќе беше уште поголема.

Во продолжение од средбата Американците дојдоа на -6, но сепак благодарение на Јокиќ разлика повторно беше двојна. Проблемот беше во тоа што Јокиќ ги акумулираше личните, на седум минути ја заработи четвртата, а се знае дека без најдобриот кошаркар во светот тешко оди.

Сепак Американците и покрај видливата нервоза успеваат на седум минути до крајот да намалат и на -5. Србите си имаа проблеми во тој период, не одеше така како што тоа беше претходно.

Кога стигнаа до оваа разлика Американците како да добија ветар во грб, тука се решаваше мечот. Да кажеме дека Леброн и компанија имаа водство само на почетокот со 2:0. Но на 6,5 минути до крајот дојдоа на -5. Пешиќ се обидуваше со повеќе измени да г врати ритамот, со Јокиќ се ризикуваше, но во тие моменти разликата беше таа, пет за Србија. Дали на повидок е драма.

Посебно ако се знае дека на 3,5 минути Американците израмнија. А потоа со тројката на Кари дојдоа до водство со 87:86, а потоа и со 89:86.

И тоа беше тоа.

На крајот резултатот гласеше 95:91 за САД и конечна победа и пласман во финалето.

Кари со 36 поени беше најефикасен, кај Србија тоа беше Богдановиќ со 20 поени.

ПретходноАлекс со деби кај Гатузо, Барди остана на клупата на Трабзон, порази на Шишковски и Серафимов!
СледноИталијанките ја декласираа Турција и ќе се борат за злато!