Македонската кадетска репрезентација нема време за жалење по вчерашниот дуел против Франција на која беше поразена минимално со 29-28 на отварањето на Европското првенство кое се одржува во Црна Гора.
Избраниците на Наум Танески денеска (12 часот) ќе ги одмерат силите со уште еден тежок противник, селекцијата на Германија која пак зад себе ја има убедливата победа над Полска.
Нашите кадети одиграа одличен меч против фаворитот Франција, но за жал противникот постигна гол во самиот финиш. Вчерашното издание треба да им даде дополнителен мотив против незгодната Германија, а победата ќе ги врати во игра за пласман во битката за високите места на ЕП.
Дуелот меѓу Македонија и Германија можете да го гледате на следниот ЛИНК.










