Македонските кадети ја „растурија“ Украина на стартот на ЕП „Б“ Дивизија

303

Македонската кошаркарска репрезентација до 16 години со убедлива победа го отвори Европското првенство „Б“ Дивизија кое денеска стартуваше во Скопје. Нашите надежи славеа против Украина со 68-96.

Цветковски со 22 поени беше прв стрелец, зад него беше Данев со дабл-дабл од 14 поени и 11 скока. Терзиевски запиша 11 поени, по десет имаа Ефтимовски и Стојановски.

Победникот на оваа средба беше решен после едно полувреме. Во првите десет минути Македонија водеше со 14-28, додека на одморот замина со позитива од 28-49. Доминацијата на „црвено-жолтите“ продолжи и во третиот период (14-24). Пред стартот на последната четвртина Македонија имаше плус 33 (38-71). Ваквиот расплет беше повеќе од доволен за победа и мирна завршница.

Нашата репрезентација следниот меч го игра за два дена против Шведска. Покрај овие две репрезентации во нашата група се Естонија и Австрија.

ПретходноФантастичен гол на Хакими: Мароко го декласира Египет и ја освои бронзата! (ВИДЕО)
СледноРеал Мадрид со специјално видео се потсети на Супер – Купот во Скопје! (ВИДЕО)