Ретко кој можеше да поверува дека во битката за бронзата, селекцијата на Мароко дури со 6:0 да слави над Египет. Но, сепак и тоа се случи па така оваа селекција која во последно време на големите натпреварување игра одлично заслужено дојде до медал.
Сепак треба да се потенцира голот на големата ѕвезда на светскиот фудбал Ашраф Хакими, кој во 87.минута со фантастичен гол од слободен удар ги постави конечните 6:0 за Мароко, за заверка на бронзата.










