Мундо Депортиво: Миовски до недела потпишува за Џирона!

640

Хитот на минатата сезона во шпанската Ла Лига, Џирона го продаде украинскиот напаѓач Артем Довбик во Рома, па бара негова замена. Изборот е напаѓачот на Абердин, македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, пренесува каталонскиот „Мундо Депортиво“.
Изданието пишува дека македонскиот репрезентативец ќе го комплетира трансферот до крајот на неделата и со тоа ќе го засили тимот за престојните настапи во ЛШ.
Засега не се пишува за детали од договорот.

„Мундо Депортиво“ пренесува и дека Абердин претходно одбил 3,5 милиони евра од Еспањол за Миовски.

ПретходноКадетите поразени и од Германија, ни 11-те гола на Ристевски не помогнаа
СледноШкупи го претстави новиот спонзор и најави изградба на тренинг камп во Скопје