Страшно: Од удар од гром загина познат тренер!

930

Страшни, ужасни вести доаѓаат од БиХ. Имено денеска од удар од гром загинал еден од најпознатите фудбалски тренери во таа земја, а тоа е Џенан Ушчуплиќ, кој имаше само 48 години. Ушчуплиќ несречно загинал на Зеленгора каде бил на планинарење заедно со своите пријатели.

Како што известуваат медиумите во БиХ, ова е страшна загуба за фудбалот во таа земја, пред се за клубот Сараево во кој Ушчуплиќ се прославил и како играч а потоа и како стратег.

Како тренер на “бордо“ тимот го освојувал првенството но и Купот на БиХ, а од 2023 година немал ангажман.

На социјалните мрежи од стратегот се прости и Крсте Велкоски, на кого Ушчуплиќ му беше тренер во Сараево.

May be an image of 2 people, people playing soccer, people playing football and text

Фото: SportSport.ba

ПретходноНајдобрите судии во светот ќе судат полуфинале на ЛОИ!
СледноУф, каков спектакл: Србија фантастична и со + 11 против Американците!