Уште еднаш нашите судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов добија доверба да ја делат правдата и тоа на како важен ракометен меч. Имено ИХФ ги одреди најдобрите судии во светот да бидат дел од утрешниот спектакуларен полуфинален меч меѓу Германија и Шпанија, кој започнува во 16:30 часот.
Нема сомневање дека Македонците, како и секогаш ќе бидат на своето ниво.
Инаку второто полуфинале се игра меѓу Словенија и Данска, исто така утре со почеток во 21:30 часот.










