Јана Василевска од младинските категории до сениорскиот тим на Јанта Волеј

45

Јанта Волеј го збогати својот сениорски тим со уште една млада и надежна одбојкарка. Станува збор за Јана Василевска која токму првите чекори ги направи во оваа екипа, а веќе денеска успеа да се избори за место меѓу најдобрите.

„Уште една млада одбојкарка која своите први спортски чекори ги направи во Јанта Волеј, а денес со гордост е дел од нашата сениорска екипа. Растејќи низ младинските категории на нашиот клуб, таа со својот талент успеа да се избори за своето место меѓу сениорките и да достигне репрезентативно ниво.

Горди сме што сме дел од нејзиниот спортски развој и со нетрпение ги очекуваме успесите што допрва следуваат“, соопштија од таборот на Јанта Волеј.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Janta Volej Skopje (@jantavolleyball)

ПретходноИнфантино им ветува на сите федерации по 25 милиони долари?!