Омерагиќ: Седлоски има апсолутна поддршка! Јас не сум човек што лесно ги пушта луѓето низ вода!

96

Четирите порази на стартот на Лига Нации или осум натпревари без постигнат гол и победа, има Гоце Седлоски како селектор на македонската фудбалска репрезентација. Многумина сметаат дека време е да ја заврши својата епизода како предводник на најдобриот национален состав, но не и првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ, кој на гостувањето на спортската емисија „Спорт Фокус“ на Телма изјави дека Седлоски има поддршка.

„Апсолутно ја има поддршката Гоце Седлоски. Јас не сум човек што луѓето вака лесно ги пушта низ вода посебно кога ќе влезете во вакви процеси. Гоце Седлоски своето знаење го покажал со освоените титули и Купови, исто и последните селектори почнаа лошо дури и со послаби противници. Тие немаа вакви противници, од ваков ранг, и имаа лоши односно променливи резултати. Тоа е разбирливо во фудбалот, треба почеток на привикнување, играчите да го разберат неговиот карактер, неговиот начин и размислување. Мислам дека преголема е критиката врз него, неоправдани се нападите, но свесни сме сите што сме на овие позиции дека сме подложни на напади, навреди и критики, тоа е составен дел од фудбалот. Седлоски ја има поддршката од сите нас и ќе продолжи. Знаеме дека ова не е лесно“, рече Омерагиќ, кој најави дека вистинската Македонија ќе ја видиме во квалификациите за Европското првенство. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Telma Sport (@telmasport)

ПретходноЈован Кузмановски е нов претседател на КК Пелистер
СледноВинисиус го пропушта „Ел Класико“: Изречена казната за црвениот картон