Јован Кузмановски е нов претседател на КК Пелистер

37

Кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола има нов претседател. Јован Кузмановски ја презема функцијата од Бојан Давков, кој се повлече од претседателската позиција по лична одлука, информираат од клубот.

Кузмановски е познат кошаркарски работник, а во новиот мандат најавува јасна визија насочена кон финансиска стабилност и остварување квалитетни спортски резултати. Во раководната структура остануваат спортскиот директор Предраг Созовски и тренерот Тане Спасев.

ПретходноАлкалоид победнички пред ЕХФ Европскиот Куп
СледноОмерагиќ: Седлоски има апсолутна поддршка! Јас не сум човек што лесно ги пушта луѓето низ вода!