Винисиус го пропушта „Ел Класико“: Изречена казната за црвениот картон

0
фото: CUPID FC @CUPID_FC (X)

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, доби суспензија од четири натпревари во шпанската Ла Лига по исклучувањето на дуелот против Виљареал. Казната значи дека бразилскиот напаѓач нема да настапи на претстојното Ел Класико против Барселона, закажано за 25 октомври.

Винисиус беше исклучен на натпреварот против Виљареал, кој Реал Мадрид го доби со 1–0. По прегледувањето на снимката со помош на ВАР, судијата му покажа црвен картон бидејќи го повлече за коса противничкиот фудбалер Нејтан Салиба. Голoт што Бразилецот го постигна во истата акција беше поништен.

Дисциплинската комисија му изрече два натпревари суспензија за насилниот потег надвор од директната борба за топката и уште два за неговото однесување и протестите по исклучувањето. Покрај Ел Класико, напаѓачот ќе ги пропушти и лигашките натпревари против Севиља, Расинг Сантандер и Валенсија.

ПретходноОмерагиќ: Седлоски има апсолутна поддршка! Јас не сум човек што лесно ги пушта луѓето низ вода!