МЗТ Скопје доцна се разбуди и остана без европска победа!

6
МЗТ Скопје не успеа да дојде до првата европска радост, откако на домашен терен запиша нов пораз. Овој пат актуелниот македонски првак беше совладан од Тарту со 92-95 во меч од второто коло во ФИБА Еврокупот. Иако се чинеше дека естонскиот тим е на прагот на пораз, сепак МЗТ Скопје повторно покажа низа слабости кои на европската сцена не се дозволиви.

Нашиот тим се разбуди доцна. По водството на гостите од 77-90 и серијата грешки, МЗТ Скопје доби шанса за победа. Успеа да израмни на 92-92, но не го искористи следниот напад, па на спротивната страна следеше казна. Последниот збор го имаа токму „сино-белите“, но финишот не беше еднакво успешен за нив.

Гостите ја имаа контролата на резултатот во текот на целиот натпревар. По првата четвртина водеа со 17-24, додека на одморот резултатот беше 39-44. Пред крајот на третата четвртина, МЗТ Скопје имаше негатива од 13 поени (59-72). Најголемата предност на гостите изнесуваше 62-77.

Пред самиот крај, македонскиот тим се обиде да изврши притисок и да се избори за драматична завршница. Во тоа и успеа, принудувајќи ги гостите на серија грешки, а истовремено прикажувајќи игра каква што требаше да негува уште од самиот почеток на натпреварот.

МЗТ Скопје со серија од 15-2 дојде до изедначување на 92-92 на 24 секунди до крајот. Пасоја на спротивната страна постигна тројка за 92-95. По тајм-аутот, Тадиќ не реализираше од линијата за слободни фрлања, а неуспешен беше и обидот за три поени.

Димитрије Николиќ со 22 поени беше прво име во таборот на нашиот шампион, додека кај победникот Кит Палек заврши со 21 поен.

ПретходноВинисиус го пропушта „Ел Класико“: Изречена казната за црвениот картон