Судии за ПМФЛ: Качевски ќе суди во Струмица, Пилешков “главен“ на „Супер Купот“!

1054

Во недела (11 август) стартува новата 2024/25 сезона во нашата елитна Прва лига. Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од 1.коло. Јован Качевски ја доби довербата да суди во Струмица каде со почеток од 20 часот играат Брера и Вардар. Додека во Струга, во меч во кој се среќаваат шампионот Струга ТЛ и победникот на Купот, тимот на Тиквеш прадвата ќе ја дели Димитар Пилешков од Штип.

ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 1.КОЛО (НЕДЕЛА 17 Ч)

Струга: Струга ТЛ – Тиквеш. Судија: Димитар Пилешков (Штип)

Гостивар: Беса – Шкендија. Судија: Александар Ставрев (Скопје)

Скопје: Работнички – Силекс. Судија: Александар Грујоски (Кичево)

Струмица: Брера – Вардар. Судија: Јован Качевски (Струга). 20:00 ч

Битола: Пелистер – Гостивар. Судија: Стојанче Трпчевски (Кавадарци).

Скопје : Шкупи – Воска. Судија: Влатко Илиоски (Прилеп).

ПретходноОткако беше уапсен додека купуваше кокаин порача: Сите ги посрамотив!
СледноКадетите поразени и од Германија, ни 11-те гола на Ристевски не помогнаа