Владимир Егоров е четвртиот македонски спортист кој настапи во Париз од стартот на Летните Олимписки Игри. И тој како останатите наши спортисти за првпат во својата кариера имаше шанса да го почувствува олимпискиот предизвик.
Македонскиот борач се соочи со Аман Шерават од Индија во категоријата слободен стил до 57 килограми.
Борбата мина во доминација на Шерават, кој славеше со преубедливи 10-0 во осминафиналната пресметка. По ова Егоров ги завршува настапите на ОИ.
На програмата на ЛОИ денеска од 12 часот е настапот на таекдондистка Милјана Рељиќ која ќе дебитира на ОИ против Британката Џејд Џон










