Шкендија не запира: Под Шара доаѓа и Фреди Алварез?!

2024

На неколку дена пред стартот на новата сезона во ПМФЛ, Шкендија и тоа како се засилуваа. Откако ги договори Бесарт Ибраими и Валон Ахмеди, се преговара и со Фреди Алварез, играчот за врска од Костарика кој до пред една година го носеше дресот на Шкупи и важеше за еден од најдобрите фудбалери во ПМФЛ во периодот од 2020 до 2023.

Костариканецот моментално е под договор со БГ Патум Јунајтед од Тајланд, но како како што се дознава, раководството на тетовскиот клуб и тоа како има намера да го засили тимот на стратегот Јетон Беќири.

Алварез би требало да биде замена за Енур Тотре кој си оди од Шкендија, односно му заврши позајмицата.

ПретходноЕнур Тотре ја напушти Шкендија и се врати во Ворскла
СледноЈованчев: Првата цел е да се помине групната фаза