Момент за историја: Албанија го освои првиот олимписки медал

4428

 

Албанскиот борач во слободен стил Чермен Валиев освои бронзен медал на Олимписките игри во Париз и така на Албанија и го донесе првиот медал на најголемиот планетарен спортски настан. Во меч за третото место во категоријата до 74 килограми, Валиев го победи Виктор Расадин од Унгарија со резултат 6-2.

Инаку шампион во дисциплина стана Разамбек Јамалов од Узбекистан.

ПретходноКадетите ја победија и Шведска за 100% ефект по две кола
СледноКипјегон е првата жена со „златен“ хет-трик на 1500 метри