Јунајтед ги официјализираше засилувањата од Баерн Минхен

314

Манчестер Јунајтед го објави потписот на Матаис де Лихт и Нусаир Мазрауи. Двајцата дефанзивци им се приклучија на „црвените ѓаволи“ од Баерн Минхен.

Баварците од зделката ќе добијат вкупно 70 милиони евра. Трансферот на Де Лихт е вреден 45 милиони плус уште 5 милиони бонуси. Манчестер Јунајтед ќе плати 15 + 5 милиони евра за Мазрауи.

„Штом слушнав за интересот на Јунајтед, се почувствував поласкан и возбуден поради можноста да играм за толку голем клуб. Ерик тен Хаг знае како да го извлече најдоброто од мене. Знам што е потребно за да се успее на највисоко ниво“, сподели Де Лихт.

Мазрауи исто така сподели дека едвај чека да заигра на „Олд Трафорд“.

„Неверојатно е чувството да се биде играч на Манчестер Јунајтед. Едвај чекам да одам на Олд Трафорд со црвениот дрес. Сите во клубот се амбициозни да освојуваат трофеи. Под водство на Тен Хаг се развив како играч. Ги знам неговите барања и ќе дадам се од себе – од себе“, рече Мазрауи.

ПретходноПрв голем кикс на Мурињо, Лил го испрати Фенер во Лига Европа
СледноКомплетирани се двојките за плеј-офот во ЛШ: Ристовски и Адеми го дознаа противникот