Ајакс и Панатинаикос поставија европски рекорд по број на изведени пенали

811

Средбата од третото квалификациско коло од ЛЕ меѓу Ајакс и Панатинаикос влезе во историјата на европските натпревари како меч со најмногу изведени пенали на крајот на мечот.

Во првиот меч во Атина, Ајакс славеше со 1:0, а Панатинаикос со истиот резултат славеше во Амстердам. Победникот се решаваше преку пенал рулетот.
Беа изведени дури 34. Ајакс пропушти четири шанси да го заврши мечот бидејќи Броби на 4:4, Траоре на 5:5, Бас на 5:5, и повторно Броби на 12:12 пропуштија шанса да го решат победникот.

На крајот, во 17. серија Гаеи по промашувањето на Вилена ја затвори приказната и го однесе Ајакс во плеј-офот со резултат 13:12 по изведување на пеналите.
Претходната најдолга пенал серија изнесуваше 32 пенали помешу У21 репрезентациите на Англија и Холандија на ЕП 2007.

Претходно„Алкараз веќе е легенда како Ноле, Рафа и Роџер“
СледноХристијан Милошески се врати во РК Бутел