ЛШ: Динамо (З) на чекор до групите, Ц. Звезда ќе се „вади“ во Белград

581

Динамо (З) на Стефан Ристовски и Аријан Адеми со убедливи 3:0 ќе патува на реванќш мечот со Карабах во плеј-оф колото во Лигата на шампионите. Вечерва во Загреб, „модрите“ одиграа одличен меч и успеаја да дојдат до голема победа која ги носи на чекор до групната фаза.

Пјаца гоотвори резултатот во 29. Минута, а во вториот дел Куленовиќ постигна два гола во 75. и 80. Минута со кои донесе голема победа за Динамо. Нашиот Стефан Ристовски поради повреда мораше да го напушти теренот уште во првиот дел.

Фудбалерите на Црвена звезда беа поразени од Бодo Глимт во Норвешка со 2:1 во првиот натпревар од плеј-офот за Лигата на шампионите. Белграѓани својата шанса ќе ја бараат во реваншот на домашен терен.

Норвежаните водеа со 2:0 со головите на Бјортфут во 52. и на Маата во 62. Минута. Црвена Звезда преку Дуарте успеа да намали и со тоа да ги задржи шансите за реваншот на домашен терен.

Лил оствари победа од 2:0 против Славија Прага и со една нога зачекори кон групите во ЛШ. Головите за домашните ги постигнаа Дејвид и Жегрова во второто полувреме.

ПретходноВардар со убедлива победа над домаќинот на турнирот во Охрид
СледноАмерикански тенисер го нападна Синер: АТП го штити за да си ги спаси изворите на приходи!