Ѕвездата на американската кошаркарска репрезентација на Олимписките игри во Париз и човекот кој се чини е најзаслужен за олимпиското злато, Стеф Кари, е најплатениот кошаркар во НБА лигата. Според списоците кои се појавија денеска, Кари како кошаркар на Голден Стејт има заработка од 55,8 милиони долари годишно, што го става убедливо на врвот на листата на најдоброплатени кошаркари во НБА.
Зад него со идентична заработка се уште две големи ѕвезди на лигата, Џоел Ембиид и Никола Јокиќ, кои годишно инкасираат 51,4 милиони долари.
Во ТОП 5 листата има место и за Бредли Бил и Кевин Дурент.
ТОП 7 – НАЈПЛАТЕНИ КОШАРКАРИ ВО НБА:
Стеф Кари – 55,8 милиони долари
Џоел Ембиид – 51,4 милиони долари
Никола Јокиќ – 51,4 милиони долари
Бредли Бил – 50,2 милиони долари
Кевин Дурент – 49,9 милиони долари
Девин Букер – 49,2 милиони долари
Карл-Ентони Таунс – 49,2 милиони долари