Tретиот најбогат човек во светот Џеф Безос, кој е сопственик на Amazon, е сериозен во намерите да го купи НБА тимот Бостон Селтикс за сума од неверојатни 6 милијарди долари. Според Бил Симонс, еден од најпрестижните американски спортски аналитичари, Безос е многу сериозен во намерите.
Парите не се проблем за Џеф Безос, но тој не е единствениот кој влегува во трката за франшизата.
„Последниве денови се појави легитимна гласина за можното купување на Селтикси од Џеф Безос. Можам да кажам дека оваа вест е реална и тој ќе биде еден од кандидатите. Цената е луда, но НБА најверојатно ќе ја одобри. Тие бараат 6 милијарди долари, иста сума што би ја побарале од новите тимови за проширување во Сиетл и Лас Вегас, а веројатно и Мексико Сити“, откри Бил Симонс во подкаст.