Крилниот напаѓач Рахим Стерлинг нема да биде делод тимот на Челзи и за претстојниот натпревар од плеј-офот во Конференциската лига против Сервет. 29-годишниот Англичанец вторпат по ред е тргнат на страна, што јасно покажува дека Челзи и менаџерот на тимот Мареска веќе не сметаат на него.
Претставниците на играчот повикаа да се расчисти статусот на Стерлинг и неговата иднина на „Стемфорд Бриџ“, по што Мареска одговори дека во Челзи нема место за сите, а медиумите на Островот тврдат дека Стерлинг ќе биде продаден. Во моментов еден од фаворитите за него е Јувентус.
Челзи ова лето потроши околу 185 милиони фунти на 11 играчи, а Мареска моментално има тим од над 40 играчи. Многумина од нив мора да најдат други тимови пред да се затвори летниот преоден рок.