Поради санација на рефлекторите на Арената: Натпреварот Вардар – Воска се игра од 16 часот!

1610

И покрај желбата на раководството на Вардар и саботниот меч од 4.коло во ПМФЛ против Воска да се игра во вечерен термин под рефлектори, сепак таа опција од објективни причини не може да се оствари. Па така мечот Вардар – Воска се игра од 16 часот, како и сите останати.

Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје се подготвува за натпреварот Македонија – Ерменија во Лигата на Нации (10 септември), а посебно внимание ќе се обрати на санација на рефлекторите, па затоа Вардар мора да игра во пладневен термин.

Како што рековме веќе сите мечеви од 4.коло се играат во сабота со почеток од 16 часот а се среќаваат:

Вардар – Воска, Тиквеш – Гостивар, Силекс – Шкупи, Шкендија – Пелистер, Струга ТЛ – Брера, Беса – Работнички.

Инаку мечевите од 3.коло во ВМФЛ се играа во недела (01.09.2024) исто од 16 часот.

ПретходноБарса го регистрираше Олмо кој може да дебитира уште вечерва против Рајо
СледноБруно Лабадија е нов селектор на Нигерија