Бруно Лабадија е нов селектор на Нигерија

102

Фудбалскиот сојуз на Нигерија денеска за селектор го назначи Германецот Бруно Лабадија (58), кој ќе биде наследник на Нигериецот Финиди Џорџ, кој беше назначен на крајот на април и набрзо сменет поради слабите резултати по ремито со Јужна Африка (1:1) и поразот во Бенин (1:2).

Поради ова, репрезентацијата е во лоша позиција во групата Ц во квалификациите за СП 2026 година со само три бода од четири натпревари. Во септември, Нигеријците ќе се соочат со Бенин и Руанда во квалификациите за Африканскиот куп на нации во 2025 година.

Лабадија е поранешен напаѓач на Кајзерслаутерн и Баерн, потоа беше и тренер на Штутгарт, Баер и Волфсбург.

ПретходноПоради санација на рефлекторите на Арената: Натпреварот Вардар – Воска се игра од 16 часот!
СледноЧелзи даде 17 милиони фунти за 19-годишен голман