Челзи даде 17 милиони фунти за 19-годишен голман

391

Челзи продолжува да го полни составот. Иако мака мачи како да се ослободи од непотребните играчи и да ослободи простор, паралелно работи на ангажман на нови фудбалери.
Па така Челзи го ангажираше 19-годишниот голман Мајк Пендерс кој доаѓа од белгиски Генк. Минатата сезона тој беше стандарден во резервниот тим на Генк, а Челзи за него ќе плати 17 милиони фунти.
Според договорот Пендерс ќе се врати како позајмен во Генк за сезоната 2024/25, а потоа ќе се врати на „Стемфорд Бриџ“. Пендерс е и капитен на младинската репрезентација на Белгија У19.

ПретходноБруно Лабадија е нов селектор на Нигерија
СледноКанатларовски го објави списокот на играчи против Холандија и против Гибралтар