Нено Димитријевиќ дел од тимот на европските ѕвезди на Меморијалот Дражен Петровиќ

356

На 5 септември во загрепската Арена ќе се одигра ревијален натпревар на Хрватската репрезентација од едната страна и Тимот Дражен составен од европски кошаркарски ѕвезди.
За Тимот на Дражен ќе настапи и македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ заедно со големите ѕвезди на европската кошарка Шејн Ларкин, Вања Маринковиќ, Валтер Таварес, Матијас Лесор, Бобан Марјановиќ, Торнике Шенгелија, Џанан Муса, Андреас Обст, Јака Блажиќ, Дешон Пјер.
Тимот на Дражен ќе го предводат Жељко Обрадовиќ и Невен Спахија. Тоа е голем чест за нашиот најдобар кошаркар во моментов кој игра во Олимпија од Милано.

ПретходноФеникс се пофали со уште еден Американец
СледноРК Бутел со трофејот од меморијалниот турнир во чест на Денис Тот