Добринко Илиевски и официјално не е веќе тренер на Осогово. Имено како што известуваат од таборот на второлигашот од Кочани, договорено е да се прекине соработката, или по наше да му се врачи отказ на тренерот кој во првите три кола забележи два порази и едно реми и со еден бод се наоѓа на 14.место на табелата во Втората лига.
Се разбира дека луѓето од Осогово му се заблагодарија на досегашниот ангажман на Илиевски и му посакаа многу успеси во понатамошната кариера.