ЛН: Франција ја победи Белгија, Словенецот Шешко со хет – трик, Италија со втора победа

443

Вечерва се одиграа уште седум натпревари во Лигата на Нации во сегментите А, Б и Ц.

Секако дека дербито се играше во Лион каде Франција како домаќин славеше против Белгија со 2.0 и тоа со головите на Коло Муани и Дембеле. Треба да се каже дека Мбапе и Гризман не беа стартери, селекторот Дешамп им даде шанса во второто полувреме.

Италија како гостин во Будимпешта го победи Израел со 1:2 и тоа со головите на Фратези и Кеан, додека за Израел стрелец беше Абу Фани за ублажување на поразот.

Фантастична партија на младиот напаѓач на Словенија, Бенџамин Шешко, кој против Казахстан постигна хет – трик, за победа од 3:0.Значи фантастичниот Шешко сам го победи Казахстан.

Црна Гора дома беше поразена од Велс со 1:2, додека Норвешка ја победи Австрија со 2:1. При резултат 1:1, во 80.минута Халанд постигна победнички гол.

И репрезентативецот на Турција, Актуркоглу постигна хет – трик и тоа против Ислан за триумф од 3:1. И Романија со ист резултат славеше против Литванија.

ПретходноВо организација на Халкбанк, во Маврово одржана уште една успешна Халк Вело Грин трка
СледноНенад Димитријевиќ: Играњето во Евролигата за мене е остварување на сонот!