На пресот по повод утрешниот меч со Ерменија од Лигата на Нации, исто така имаше свое видување. Како прво тој се осврна на сите оние коментари од некогашни наши репрезентативци, посебно на Горан Пандев во интервјуто за “СпортСпорт“ кога тој ги посочи токму Димитриевски и Барди како капитени, дека мора некои работи да преземат што се однесува до репрезентацијата.
„Сега не е момент за такви разговори. Јасно е дека нашите поранешни колеги имаат право да кажат што мислат, но јас и сите ние сме фокусирани за тоа што следува, за утрешниот меч со Ерменија. Во оваа ситуација најважно е со Ерменија да победиме за да имаме големи шанси за првото место во групата, а потоа се друго ќе коментираме. Сакам да напоменам дека ние поискусните треба да тргнеме и да го повлечеме возот за да помладите се качат. Да покажеме поинаква Македонија и да победиме. Сакам да победам утре и Македонија мора да победи“ кажа Димитриевски.










