Нашата млада репрезентација до 21 година има водство од 0:2 на гостувањето кај Гибралтар, во меч од квалификациската група – Ц за пласман на ЕП 2025.
Солидно издание на нашите младинци, посебно во втората фаза од првиот дел.
Инаку домашните уште во 2.минута можеа да поведат, кога од слободен удар ја погодија пречката на Алчевски.
Првиот гол падна во 24.минута откако Адеми асистираше до Крстевски, а овој од 15 метри го совлада домашниот гол. По три минути Адеми со ножички се обиде да го зголеми водството, но сепак не успеа.
Но затоа Адеми успеа во 42.минута кога се најде сам пред домашниот голман и стрелаше за 0:2.










