Дома Ракомет Домашно првенство Недановски: Алкалоид заслужено победи, беше подобар во секој сегмент!

Недановски: Алкалоид заслужено победи, беше подобар во секој сегмент!

418

Вардар не успеа со победа да ја отвори новата сезона. „Црвено-црните“ беа поразени од Алкалоид со 33-30 во дербито на првото коло во Супер-лигата. Избраниците на Владо Недановски на оваа средба поведоа двапати, на почетокот и во второто полувреме. Алкалоид ја држеше контролата и дојде до уште еден голем триумф после Супер Купот, кој на сметка на Пелистер го освои.

Предводникот на Вардар очекувал вакво издание на противникот, причината за поразот ја гледа во слабата одбрана.

„Знаевме, а особено во Суперкупот се виде дека Алкалоид напредува од ден во ден. Тоа се виде и на теренот, сакам да им честитам. Беа подобри во секој сегмент од играта и заслужено нè победија.
Што се однесува до нашата игра, ние потфрливме во одбрана, онаму каде што бевме најсилни во претхдоната сезона. Примивме многу лесни голови, не им помогнавме на голманите да соберат одбрани. Кога почнавме да играме одбрана и имавме шанса да се вратиме во натпреварот, ние направивме три-четири технички грешки, а тоа не е дозволено за екипа како Вардар толку лесно да продава минути и греши. До 50. минута имав верба дека можеме да се вратиме со добрата одбрана, меѓутоа грешките го направија своето и Алкалоид заслужено победи“, изјави Недановски.
ПретходноФенербахче донесе српски репрезентативец од Јувентус
СледноПолувреме на Гибралтар: Крстевски и Адеми за водство на Македонија!