Српскиот интернационалец Филип Костиќ направи трансфер од Јувентус во Фенербахче. Откако му стана јасно дека ќе биде во втор план кај тренерот Тијаго Мота ја прифати поканата од Истанбул и му се приклучи на сонародникот Душан Тадиќ.
Тадиќ утринава пристигна во Истанбул, а во текот на денот ќе го стави потписот на договорот. Се работи за позајмица на една сезона со опција турскиот клуб да го откупи за пет или шест милиони евра. Фенербахче ќе ја покрие целата плата на српскиот фудбалер.
Костиќ е поранешен играч на Хамбургер и на Ајнтрахт Франкфурт, а со Јувентус има договор до 2026 година. Преодниот рок во Турција трае до 13 септември.










