За неколку дена ќе стартува новата сезона во Лигата на Шампионите и тоа со нов формат. И како што обично бива што се вели, тука е Суперкомпјутерот со своите прогнози околу тоа кој ќе биде тој тим кој што ќе го освои “ушлето“.
Прогнозите велат дека бранителот на пехарот, тимот на Реал Мадрид првата фаза ќе ја одработи беспрекорно, но сепак нема да го освои трофејот зошто ќе биде поразен во финалето.
Изненадување ќе бил тимот на Елиф Елмас, Лајпциг кој ќе се нашол во полуфиналето и ќе бил елиминиран од Манчестер Сити. Во второто полуфинале Реал Мадрид ќе бил подобар од Ливерпул а според Суперкомпјутерот, во финалето меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид ќе слави тимот на Пеп Гвардиола со 2:0 и со тоа ќе дојде до својот втор пехар во клупската историја во Лигата на Шампионите.
Дали ова навистина ќе се случи, останува да се види следната пролет.










