Полувреме на Гибралтар: Крстевски и Адеми за водство на Македонија!

1038

Нашата млада репрезентација до 21 година има водство од 0:2 на гостувањето кај Гибралтар, во меч од квалификациската група – Ц за пласман на ЕП 2025.

Солидно издание на нашите младинци, посебно во втората фаза од првиот дел.

Инаку домашните уште во 2.минута можеа да поведат, кога од слободен удар ја погодија пречката на Алчевски.

Првиот гол падна во 24.минута откако Адеми асистираше до Крстевски, а овој од 15 метри го совлада домашниот гол. По три минути Адеми со ножички се обиде да го зголеми водството, но сепак не успеа.

Но затоа Адеми успеа во 42.минута кога се најде сам пред домашниот голман и стрелаше за 0:2.

ПретходноНедановски: Алкалоид заслужено победи, беше подобар во секој сегмент!
СледноСо него никогаш не си на чисто: Играч на Партизан даде две тројки, но Обрадовиќ „збесна“ (ВИДЕО)