Роглиќ ја освои четвртата титула на Вуелта

99

Велосипедистот на Ред Бул Бора, Словенецот Примож Роглиќ ја освои четвртата титула во трката Вуелта во Шпанија. Роглиќ успешно ја сочува предноста во текот на последната етапа на хронометар долга 24,6 километри на која заврши на второто место со 31 секунда заостанување зад победникот Штефан Кунг од тимот на Групама.
Словенецот победи со вкупен резултат 81 час, 49 минути и 18 секунди.

Инаку тој стана лидер во петокот, по добрите настапи во планинските делници по кои го престигна Бен О’Конор од Австралија.
Второто место го зазема токму О’Конор од екипата на Декатлон со заостанување од 2 минути и 36 секунди, додека третопласиран е Шпанецот Енрик Мас од Мовистар со заостанување од 3 минути и 13 секунди.

Роглиќ ја освојуваше Вуелта и во 2019, 2020 и 2021 година. Со четири титули на Вуелта се изедначи со Шпанецот Роберт Ерас.

ПретходноДешамп: Се уште не можам да го извлечам најдоброто од Мбапе
СледноЗидан објасни зошто не сака да работи во Манчестер Јунајтед