Екстра засилување: Брера се пофали и со Руатубјаје! (ФОТО)

653

Абдул Руатубјаје од Руанда кој играше за Шкупи е новото име во дефанзивата на Брера.

Тој по раскинување на соработката со скопскиот прволигаш дојде во Струмица и веќе се приклучи на првиот тим предводен од стратегот Горазд Михаилов.

Станува збор за искусен дефанзивен фудбалер кој во Македонија дојде во јануари 2021 година и беше дел од шампионскиот состав на Шкупи. Се врати во Руанда каде играше за Рајон Спортс а од февруари беше повторно дел од Шкупи за кој ги одигра и првите четри натпревари од новото првенство.

Руатубјаје во својата кариера три сезони беше и во неколку клубови во САД и седум години во својата држава. Тој е репрезентативец на Руанда за која има 33 настапи а постигнато три голови.May be an image of 1 person, playing football, playing soccer and text that says 'STAUMICA M MOZZART playaz4pl BRERA BRERA MOZZART E STRUMICA STRUMICA MO7 M+ sportika Spor tika SREAA F MOZZART MOZZART BRERA D BRERA MOZZART E STRUMICA STRUMICA M sportika tika BRERA ธำนนละ MAS eBu M MOZZART MOZZART'

По Коста Манев вчера, денеска Брера се пофали и со уште еден одличен дефанзивец.

Очигледно е дека струмичани не се шегуваат.

ПретходноПо бламажата со Парагвај, Винисиус им се извини на фановите во Бразил!
СледноТони Надал: Новак е најдобриот во историјата, но ако не беа повредите….