Абдул Руатубјаје од Руанда кој играше за Шкупи е новото име во дефанзивата на Брера.
Тој по раскинување на соработката со скопскиот прволигаш дојде во Струмица и веќе се приклучи на првиот тим предводен од стратегот Горазд Михаилов.
Станува збор за искусен дефанзивен фудбалер кој во Македонија дојде во јануари 2021 година и беше дел од шампионскиот состав на Шкупи. Се врати во Руанда каде играше за Рајон Спортс а од февруари беше повторно дел од Шкупи за кој ги одигра и првите четри натпревари од новото првенство.
Руатубјаје во својата кариера три сезони беше и во неколку клубови во САД и седум години во својата држава. Тој е репрезентативец на Руанда за која има 33 настапи а постигнато три голови.
По Коста Манев вчера, денеска Брера се пофали и со уште еден одличен дефанзивец.
Очигледно е дека струмичани не се шегуваат.