Скандалозно: Нашите млади репрезентативци останаа пред затворен хотел, кој никој не знае како стана база на ФФМ!?

7819

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 17 години доживеала вистински шок, откако наишла на затворени врати на хотелот во Крушино каде се сместени младите фудбалери. Имено, откако се вратиле од натпревар, фудбалерите и стручниот штаб кои се сместени во хотелот „Куќа на уметноста“ над Кичево, ги дочекале затворени врати на објектот.

Повеќе родители се јавија во нашата редакција да информираат дека хотелот кој се претвори во некаква „база“ за нашите национални тимови, бил затворен од Агенцијата за храна и ветеринарство, по детектирани низа неправилности, па нашите млади репрезентативци останале на улица. Општата паника меѓу младите играчи ја потврдија уште неколку родители, кои прашуваат како и кој е одговорен за овој третман на една национална селекција.

Ние, пак, се прашуваме, кој и како го одбра токму овој хотел да биде база на националните селекции и колку Фудбалската федерација плаќа засместувањето на репрезентативните селекции, ако се знае дека сопственик на истиот е зет на претседателот на ФФМ, Сејдини.

ПретходноХари Кејн е најефикасниот англиски фудбалер во историјата на ЛШ
СледноДобри вести за Артета: Се вратија Сака и Калафиори