Клупското раководство на Беса е во потрага по нов тренер, по заминувањето на Александар Таневски, па денеска веќе се појавија неколку имиња како кандидати за тренеското столче. Опен-ТВ пишува дека од Беса се во сериозни разговори со тренерот Бруно Акраповиќ, кој е поранешен тренер на Шкендија од Тетово.
Последен клуб на Акраповиќ беше шампионот на БиХ Железничар од Сараево, со кој се раздели во април годинава поради слабите резултати.
56-годишниот тренер беше на кормилото на Шкендија во два периода, прво во сезоната 2015/16, а потоа и во сезоната 2021/22.